Македонија Ѓорче Петров враќањето на европската сцена ќе го направи, сепак, во Скопје, а не во Струмица.
Натпреварот против ЦСКА Софија, од второто квалификациско коло во Конференциската лига ќе се игра на комплексот „Петар Милошсвски“, во населба Ново Лисиче, а не во Струмица, како што бараше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР побараа од ФФМ да се премести овој меч надвор од главниот град поради безбедносни причини, но целата процедура за промената на локацијата не поминала. Наводно и челниците на ЦСКА Софија не дале согласност да се игра во Струмица, а тоа и онака оди по волја на македонскиот освојувач на Купот, па в четврток од 17.30 часот ќе се пресметаат во Скопје.