Искусното десно крило потпиша едногодишен договор со „плинарите“, каде што ќе игра заедно со поранешните клупски колеги од црвено-црниот табор, Вук Борозан и Иван Чупиќ.
„Среќен сум што доаѓам во Загреб, клуб со богата историја и традиција, во чии редови настапувале многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи и знам дека ќе давам се од себе за да оствариме добри резултати. Со некои од новите соиграчи имав играно и претходно, како Борозан и Чупиќ, со дел сум бил противник на теренот, а со останатите допрва ќе се запознавам. Имаме екипа која има што да покаже и дека сезонава многумина пријатно ќе ги изненадиме“, изјави Дибиров.
Руското крило си заминува од Вардар по девет години настап во црвено-црниот дрес, во кој двапати стана шампион на Европа. Претходно има играно само за Чеховски медведи.