Ова ќе биде трет дуел на големите ривали сезонава, а досега резултатот е изедначен, откако битолчани славеа во Суперкупот, а црвено-црните беа подобри во финалето на турнирот во Струга.
Од таборот на вардарци информираат дека и покрај тоа што влезот ќе биде бесплатен, сепак, ќе важи актуелниот протокол за средби на затворен простор, што значи дека во салата ќе може да има најмногу до 30-отсто од капацитетот, а на трибините ќе може да се најдат само вакцинираните најмалку со една доза и тие што го прележале Ковид-19 во претходните 45 дена.