„Црвено-црните“ полека ја пронаоѓаат својата форма под водство на новиот тренер Давид Дејвис и против Монпелје ја прекинаа губитничката низа од седум натпревари по ред во елитата.
„Работевме последниот месец и пол, сите можат да видат дека екипата игра подобро секој натпревар. Имаме уште денес и утре да ја искористиме секоја минута за да направиме добра тактика за Загреб. Се гледа дека тие играат многу добро тактички. Февруари е многу важен месец, бидејќи на сите им требаат бодови, а скоро имаше и Европско, па сите имаат проблеми. Ова ќе биде нашиот класико оваа сезона“, истакна шпанскиот стратег.
Дуелот со Загреб е важен за местата кои водат во нокаут фазата во Лигата на шампиони.
Ако сакате да направите нешто повеќе, дома мора да победувате. Ќе биде борба, но ќе се потрудиме да одиме место погоре на табелата. Монпелје беше голема победа, но тоа е само еден натпревар и нашата цел е да бидеме шести на табелата. Важна е за да се крене самодовербата на екипата, за да видат сите дека овој систем функционира зашто досега само Тимур, Столе, можеби Борко го знаат овој систем. Затоа ни треба да веруваме и да се подобруваме. Ќе одиме чекор по чекор, не можеме да мислиме на долг рок. Ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка, се сеќавам на одличната атмосфера пред неколку години, вели Дејвис.