Ранхел Луан да Роса, бразилски голман, ја има една од најлудите одбрани од пенал во ракометот. Интервенцијата на 26-годишниот голман на натпревар од Европската лига стана вирална на интернет.
Во воведните минути од реваншот од осминафиналето меѓу Скендерборг и Грањолерс беше забележана неверојатната интервенција.
Многу ретко се случува на фудбалски натпревари голманот да успее да одбрани и да ја фати топката со една рака, но во ракометот практично и да не се случуваат.
Но за тоа се погрижи голманот Роса, кој му одбрани седмерец на домашниот ракометар Мортен Балинг. Противничкиот ракометар направи неколку движења, а потоа шутираше високо кон средината на голот, а Да Роса успеа да ја фати жива топката со левата рака.
Гранољерс го совлада Скендерборг Архус со 30:25 во реваншот од осминафиналето на Лига Европа и со тоа ја надомести негативата од два гола од првиот натпревар.