Минатата ноќ загубија и двата лидери на Источната и на Западната конференција во кошаркарската НБА-лига, Милвоки и Денвер загубија и тоа на домашен терен. Тренерот Мајкл Малоун реши да го одмори Никола Јокиќ, кој имал ситна повреда, но отсуството веднаш се почувствува на теренот и Денвер беше немоќен без српскиот џин.

Њу Орлеанс го совлада Денвер со 107-88 пред неговите гледачи. Џамал Мареј постигна 21 поен, премалку за да се спротивстави на предводникот на Пеликанс, Брендон Инграм, кој забележа трипл-дабл со 31 поен, 11 скока и 10 асистенции. И Си-Џеј Меккалум беше пред најдобриот стрелец на Денвер, со 23 коша. Ова беше пораз број 25 за Денвер, но има и 51 победа, а второпласираниот на Западот, Мемфис, заостанува со скор 48-28 на шест натпревари до крајот.

 

На Истокот, наместо големо дерби и најава за жешки плеј-оф пресметки, се претвори во катастрофа за Милвоки. Бостон го уништи со 140-99, добивајќи ги меѓусебните дуели со 2-1. Згора на тоа, Селтикс сега имаат 53 победи, а Милвоки остана на 55 и двете со по пет преостанати меча до крајот на сезоната.

Џејсон Тејтум и Џејлен Браун беа главни актери во триумфот, Тејтум со 40, Браун со 30 поени, a целиот тим на Бостон погоди 22 тројки. Адутот на домаќините, Јанис Адетокумбо постигна 24 поени.