Нашиот Димитријевиќ одигра како во транс. Најдобрата партија во досегашната кариера му се „погоди“ во најважниот можен момент за нашиот Нено, кој беше несопирлив во последниот меч од финалната серија во ВТБ-лигата со што буквално сам му ја донесе титулата на Уникс Казан во пресметката со Локомотив Краснодар.
Тој натпреварот го заврши со 34 поени, пет скока и три асистенции и беше кошмар за противниците, кои за 40 минути не успеаја да најдат начин да ги запрат неговите налети. Затоа, по завршувањето на мечот Димитријевиќ ја доби и МВП наградата за најкорисен играч во плејофот од ВТБ-лигата.
Поради сето ова, челниците на регионалното натпреварување објавија специјално видео со неговите најдобри потези, на кое се гледаат неговите тројки, влезови, популарни флоутери и сите други мајстории со кои ги збудале противниците.