Двајцата балканци беа фантастични и предводници на своите екипи. Индивидуалниот дуел го доби Словенецот, кој средбата ја заврши со 37 поени и девет асистенции, но српскиот кошаркар со трипл-дабл ефект му овозможи на својот тим да се радува на крајот. За Јокиќ ова беше 21. ваков учинок сезонава до кој дојде со 14 поени, 10 скока и 13 асистенции. За „телињата“ од Тексас не настапи Кајри Ирвинг поради проблеми со грбот.
Њујорк никс дојде до трета победа по ред совладувајќи ја Атланта хокс (122-101) на нејзин терен, во меч во кој Џејлен Бренсон ги предводеше гостите до победата со 28 поени. Бруклин нетс, пак, на домашен терен беше подобар од Мајами хит (116-105), предводен од Мајкл Бриџис, кој оствари личен рекорд со 45 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – С. Антонио 120-110, Индијана – Чикаго 117-113, Атланта – Њујорк 101-122, Бостон – Детроит 127-109, Бруклин – Мајами 116-105, Филаделфија – Кливленд 118-112, Мемфис – Јута 117-111, Оклахома – Хјустон 133-96, Денвер – Далас 118-109, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120-102.