Денвер Нагетс со 119-116 го победи Орландо, а Србинот Никола Јокиќ повторно беше херојот на својот тим, со уште еден трипл-дабл а погоди и тројка во последната секунда за победа.

Српскиот кошаркар не беше најдобар поентер на овој меч, но запиша нов трипл-дабл. Тој постигна до 17 поени, 14 асистенции и десет скокови. Погоди и тројка во последната секунда која значеше победа за Денвер.
Најефикасен во составот на Денвер беше Гордон со 25 поени, кај Орландо Фулц реализираше 20, Вегнер 19.

 

Далас загуби уште еднаш од Портланд без Лука Дончиќ кој поради повреда го пропушти и овој меч. Лилард со 40 поени беше најефикасен на теренот, Динвиди за Далас постигна 28 поени.

 

Резултати:
Детроит – Њујорк 104:117
ЛА Клиперс – Хјустон 121:100
Чикаго – Голден стејт 132:118
Бруклин – Оклахома 102:112
Сан Антонио – Сакраменто 119:132
Денвер – Орландо 119:116
Портланд – Далас 140:123
ЛА Лејкерс – Филаделфија 112:113