Кошаркарите на Мајами поведоа против Бостон во финалето на плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, бидејќи на првиот натпревар победија со 118:107.
Мајами го предводеше Џими Батлер со 41 поен, од кои 27 постигна во вториот дел.
Тој имаше и девет скока, пет асистенции, четири украдени топки и три блокади. Батлер е 220-от кошаркар во историјата на лигата кој постигнал најмалку 14.000 поени.
Во победата придонесоа Тајлер Хиро со 18 поени и седум скока, Гејб Винсент со 17 поени, Макс Струс со 11 и Бем Адебајо со 10 поени.
Во тимот на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 29 поени, осум скока, шест асистенции и четири украдени топки.
Џејлен Браун постигна 24 поени со 10 скока, Роберт Вилијамс 18 поени со девет скока, а Пејтон Причард натпреварот го заврши со 18 поени, пет скока и четири асистенции.
Мајами победи благодарение на добрата игра во вториот дел, откако на пауза губеше со осум разлика (54:62).
Хит го реши мечот во третата четвртина која ја добија со 39:14. Батлер во третата четвртина постигна 17 поени, повеќе од целиот тим на Бостон.
“Џими Батлер е врвен играч. Многу момци во оваа лига играат кошарка. Тој игра за да победи. Тоа е сосема поинаква работа, и тој го прави тоа добро како и некои други”, изјави тренерот на Мајами, Ерик Сполстра.
„Ги добивме преостанатите три четвртини, но очигледно е дека третата беше пресудна. Се вративме малку во последниот дел и повторно почнавме да играме добро, но 39:14 и 2/15 е тешки да се надокнадат“, тренерот на Бостон. – изјави Удока.
Во тимот на Бостон ги немаше Маркус Смарт поради повреда на стапалото и Ал Хорфорд кој е заведен во здравствениот протокол.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу четврток и петок.
Голден Стејт и Далас играат во финалето на плеј-офот на Западната конференција, а првиот дуел е четврток наутро во 3 часот по наше време.