Голден Стејт Вориорс го доби првиот натпревар против Далас во финалето на Западната конференција во НБА-лигата со 112-87.
Тимската игра на Вориорс беше предобра на овој натпревар, а доказ за тоа е фактот дека целата стартна петорка имаше двоцифрен ефект во нападот, а вкупно седуммина кошаркари имаа 10 или повеќе поени. Стеф Кари беше најдобар со 21 поен и 12 скока, Џордан Пул имаше 19, колку и Ендру Вигинс, а Клеј Томсон 15 поени. Во редовите на Маверикс очекувано Лука Дончиќ беше лидер со 20 поени, но имаше лош процент на реализација поради одличната одбрана против него.
Следниот натпревар повторно се игра во Сан Франциско, по што потоа серијата се сели во Далас.