Хансел Енмануел Донато (17), доминикански кошаркар кој игра за Life Christian Academy во Флорида, ја изгубил левата рака кога имал само шест години.

Донато поминал два часа под бетон, па морале да му ја ампутираат раката, но тој сепак почна да игра кошарка, за на почетокот на 2021 година да добие стипендија за игра во САД во Life Christian Academy на Флорида.

Во неговата прва сезона, неговиот тим ја освои државната титула, а Енмануел имаше просек од 26 поени по натпревар. Со една рака успева да забива, да погодува удари од сите позиции, брилијантно дрибла, асистира… Сето тоа можете да го погледнете во продолжение на видеото.

Неговите игри го привлекоа вниманието на неколку американски универзитети, а понуда веќе дадоа и Тенеси Стејт Тигерс.

„Не му можете ништо, тој е феноменален кошаркар кој ги мотивира колегите, тренерите, соучениците, сè. Секогаш го гледав и си велев дека ова момче ќе направи нешто лудо во САД. Тоа е она што се случува сега“, рече тренерот на Енмануел, Мојсес Мишел.

Иако без рака, Донато има големи соништа и сака да ги оствари, меѓу другото, да заигра еден ден во НБА лигата… Таа е само еден во низата луѓе кои покажуваат дека се е можно ако доволно се верува.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=294&v=fB2hIv1ECzg&feature=emb_logo