Кошаркарите на ЦСКА Москва следната сезона би можеле да ги продолжат натпреварите во Евролигата.
Руските тимови беа исфрлени од Евролигата по почетокот на војната меѓу Русија и Украина, а тоа беа ЦСКА, Зенит и Уникс, односно Локомотив во Еврокупот.
Според „Еурохопс“, ЦСКА Москва би можела многу лесно да биде дел од елитното друштво следната сезона, а на акционерите и официјално им ги соопштиле намерите.
Понатаму се наведува дека Евролигата се обидела да и ја одземе А лиценцата на тимот на ЦСКА Москва, но тоа не било правно возможно бидејќи клубот може само да се откаже од лиценцата, но Евролигата не може да ја одбие.
Се очекува оваа недела во Белград за време на фајналфор турнирот да се одржи многу важен состанок и според информациите на „Еурохупс“ , ЦСКА нема мали шанси да се врати во Евролигата.
Постои дури и опција да се играат домашни натпревари во Белград, а на прашањето дали навистина веруваат во враќање во Евролигата, Андреј Ватутин рече:
Секако нашата голема желба е да играме во Евролигата и тоа само по себе не е доволно бидејќи многу фактори влијаат на оваа одлука, а особено политичките.Рускиот спорт е во тешка ситуација, сега тренд е да се исфрлат Русите од натпреварувањата. Фудбалските клубови и репрезентации се суспендирани од УЕФА, хокеј се игра без Русите па дури и Евролигата не исфрли.Русија нема ТВ права за Олимпијадата 2026 и 2028. Да бидам искрен, ќе го преживееме ова, но тешко е да се развиваме.Се пријавивме да ја играме Евролигата во сезоната 2022/23, писмото го примија управата и акционерите и подготвени сме да разговараме за се со колегите.Размислуваме домашните натпревари да ги играме во Белград или Истанбул бидејќи не го прекинавме контактот со Евролигата за време на целата оваа ситуација“, изјави претседателот на московскиот клуб.