Утринава во основното училиште „Владислав Рибникар“ се случи масакр, откако седмооделенец уби осум деца и чуварот на училиштето, а ја ранил наставничката и уште неколку други деца во грозоморниот чин кој го потресе Балканот. И додека Србија е завиена во тага после трагедијата, прогласена е тридневна жалост, Партизан и Реал Мадрид веќе утре (20.30 часот) го играат четвртиот меч од четвртфиналниот плејоф и втор обид на домашен терен за црно-белите да дојдат до трета победа и пласман на фајнлфорот после вчерашниот пораз.
„Шок, неверување за масакрот во белградското училиште. Сочувство со семејствата на загинатите. Слава им, Бог душата да им ја прости. Моја Србијо, мој Београде, мои Партизан и Реал Мадрид, реагирајте на вистински човечки начин и одложете го натпреварот. На кого му е до песна, радост и навивање после ваква трагедија“, објави Ѓорѓевиќ.
Српските медиуми веќе објавија дека утрешниот натпревар ќе започне со едноминутен молк во чест на жртвите и без музика во „Штарк Арена“.