Тренерот Винсент Колe го објави конечниот список на патници за Келн.
Последниот играч кој otpadna пред патувањето во Германија е Ајзеа Кординијe.
Составот со кој Французите ќе го нападнат tronot на Европа се состои од:
Ели Окобо
Амат Мбаје
Тимоти Луваву
Томас Ертел
Гершон Јабуселе
Еван Фурние
Тео Маледон
Мамаду Заит
Винсент Поаре
Ендрју Албиси
Тери Тарпеј
Руди Гобер
„Триколорите“ учествуваат во групата Б, каде ги очекуваат дуели против селекциите на Германија, Унгарија, Словенија, Литванија и Босна и Херцеговина.
Избраниците на Винсент Коле изгледаа прилично добро во подготвителниот период, но во последната „проверка“ пред заминувањето на Евробаскетот ги покажаа сите слаби точки. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина направи големо изненадување во Сараево и ги совлада Французите со 96:90.
Несомнено е дека Франција е меѓу фаворитите за освојување на златниот медал, но ако се суди по играта во изминатите денови, јасно е дека не се непобедливи.