Американскиот кошаркар и крилен центар на Партизан, Зек Ледеј вчера пристигна во Белград. Кошаркарот од Тексас по две недели се враќа во екипата.
На 15. март директно од Барселона, Ледеј отпатува во родниот Далас, причината беше смртен случај во неговото семејство, кога почина татко му.
Американецот ги пропушти мечевите со Басконија и Реал Мадрид. Требаше да пристигне пред еден ден, но поради проблеми со летовите дури вчера е во Белград.
Партизен во четврток игра дома против Олимпијакос, натпревар кој е исклучително значаен во борбата за 10. место и пласман на плеј-ин турнирот во Евролигата.
„Ситуацијата е таква дека тој е известен дека во вторник наутро требаше да се појави на тренинг, но не дојде. Мислам дека имаше некои проблеми со летовите, но тоа е работа на луѓето од клубот, не е моја“, рече денеска Обрадовиќ.
Со оглед на двонеделното отсуство, нејасно е дали Ледеј ќе биде подготвен за денешниот меч против Олимпијакос.