Партизан продолжува со брилијантни игри во Евролигата оваа сезона, овојпат имаше такво издание против моќниот Реал во Белград.
Реал Мадрид добро го започна натпреварот, водеше во најголемиот дел од првата четвртина, но почна да паѓа во вториот период кога Партизан почна да го гази противникот. На полувремето српскиот тим имаше предност од 11 поени разлика, 49-38.
Во последниот период Партизан дојде и до највисоки 20 поени разлика, во последните минути се опушти и му дозволи на Реал Мадрид да ја намали негативата, но победата остана убедлива, 104-90.
Лесор и Пантер постигнаа по 16 поени, Ексум реализираше 15, а Нанали 14, кај Реал Мадрид Муса постигна 22 поени.