Леброн Џејмс одигра брилијантен натпревар и ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 122:109 над Вашингтон Визардс. Тој постигна дури 50 поени со седум скока и шест асистенции. Тој шутираше со успешност 72% (18/25), а неговиот шут за тројка беше одлични 6/9. Ги погоди сите осум слободни фрлања.

За Лејкерси брилијантниот настап на Леброн им донесе важна победа во борбата за плеј-офот, т.е. за плеј-ин турнир кој треба да ги одведе во плеј-офот. Заедно со него добри беа и Малик Монк со 21 поен и четири асистенции и Тален Хортон-Такер, кој постигна 15 поени со пет скока. Од друга страна Кајл Кузма постигна 23 поени, а Кори Кисперт два помалку.

За Џејмс ова беше 16-ти натпревар во кариерата на кој постигна 50 или повеќе поени. Да потсетиме, пред една недела тој се истакна во победата против Голден Стејт Вориорс, постигнувајќи 56 поени, што е негов трет најдобар учинок во кариерата.