Сѐ уште актуелниот француски првак Лил пропушти шанса да дојде на само бод од позициите за Лигата на шампионите, откако ремизираше непопуларно вечерва против загрозениот Сент Етјен во меч без голови.

Скоро без шанси, Лил и Сент Етјен потрошија час и половина за да се задоволат само со по еден бод, а посреќни се гостите зашто останаа непоразени на тешкото гостување и го зголемија контото во жестоката битка за опстанок.

Лил со десетото реми сега има 43 бода, три помалку од четвртиот Рен, а четири од третиот Марсеј, додека Сент Етјен дојде до 26 бод на 16-та позиција, два повеќе над зоната за испаѓање, на која е Лориен со 24 бодови.