Познати се официјалните лица за натпреварот Грузија – Македонија во рамките од петтото коло на групната фаза на Лига Ц на Лигата на нации.
Словачкиот судија Иван Кружлиак ќе биде на центарот во Тбилиси на дуелот утре попладне од 18:00 часот по македонско време. Станува збор за судија кој ни судеше на мечот на Исланд во квалификациите за Светското првенство во Русија, кој се одигра минатиот септември и заврши без победник, 2-2.
Македонија само со убедлива победа ги задржува шансите за пласман на првото место во групата, бидејќи доцни три бода зад Грузија, која во Скопје пред неколку месеци славеше со 0-3.
Стадионот на Динамо во Тбилиси се очекува да биде исполнет до последното место.