Челниците на Барселона дури сега веројатно сфаќаат каква грешка направил клубот и колку скапо чини заминувањето на најдобриот фудбалер на сите времиња.
Преминот на Лионел Меси, на ПСЖ му донел добивка од 700 милиони евра за само една година. Поради него, парискиот клуб добил десет нови спонзори кои годишно плаќаат меѓу 3 и 8 милиони евра, а дел од нив се големи играчи на светскиот пазар. Многукратно е зголемена продажбата на дресови, како и реквизити со ликот на Меси кои чинат меѓу 90 и 160 евра.
Доаѓањето на Аргентинецот го направи ПСЖ попопуларен и на социјалните мрежи. За само една година, зголемен е бројот на следбеници за 15 милиони и во моментов вкупната бројка изнесува над 150 милиони.