Осмото коло во Серија А ни донесе дерби во Торино, каде Јувентус ја пречека Рома.

Домашниот тим рано поведе со  голот на Кин, а гостите ја имаа најдобрата шанса да стигнат до израмнувачкиот гол во 44. минута.

Тогаш Шчесни брилијантно го прочита и го одбрани пеналот на Верету.

Камерите ја снимија и реакцијата на Жозе Мурињо откако играчот на Рома беше фаулиран во шеснаесетникот на Бјанконерите. Португалецот му се внесе во лицето на четвртиот судија и му сигнализираше нешто, веројатно алудирајќи дека главниот судија прерано досуди пенал за Волчицата.

Имено, Даниеле Орсато направи грешка бидејќи не ја следеше акцијата до крај, со оглед дека Абрахам ја погоди мрежата по прекршокот во казнениот простор.

Да причекаше, Рома ќе постигнеше гол и резултатот ќе беше израмнет.

https://www.youtube.com/watch?v=eLuBcJJSJPQ