Лошите резултати на ПСЖ предизвикаа тензии во соблекувалната на францускиот гигант, а „РМЦ“ пишува дека во моментов постојат два клана во тимот и тоа е дополнителна главоболка за тренерот Маурицио Покетино.
„РМЦ“ открива дека едната група е француска, а другата е јужноамериканска. Тоа станало јасно по поразот од Монако, па сега останува на раководството да направи целосен ремонт на екипата на лето, ако сака да биде сериозен кандидат за Лигата на шампиони (ЛШ).
ПСЖ неодамна испадна од ЛШ по поразот од Реал Мадрид, а ниту во првенството во последно време не игра добро, па запиша неколку порази во претходните кола.