Фудбалерот од средниот ред се пожалил на повреда на бутниот мускул, а во следните неколку денови ќе се знае сериозноста на истата. Адеми пред извесно време се врати од пауза поради повреда и сега не е јасно дали повторно ќе отсуствува од терените.
Ова секако е лоша вест за селекторот на Македонија, Благоја Милевски за претстојните откомвриски натпревари против Лихтенштајн на гостински терен и со Германија во Скопје.
Адеми ги прескокна трите натпревари во септемврискиот циклус против Ерменија, Исланд и Романија.