Фудбалерите на Реал Мадрид и Клуб Америка ремизираа 2:2 (1:1) на пријателскиот натпревар одигран во „Оракл Парк“ во Сан Франциско.

Мексиканскиот тим поведе уште во петтата минута кога Анри Мартин погоди на асистенција на Мигел Лајун.

Првото израмнување дојде во 22. минута и тоа на многу убав начин.

Карим Бензема одигра перфектно двојно додавање со Марко Асенсио и упати прекрасен удар во подалечниот агол од голот на Гиљермо Очоа.

Во 55. минута дојде до пресврт со голот на Еден Азар, негов прв по 188 дена голгетерски пост.

Тоа го направи од пенал, но тоа не беше доволно за триумф на „кралскиот клуб“.

Во 82. минута беше досуден пенал за Клуб Америка кој успешно го изведе Алваро Фидалго за конечни 2:2.

https://www.youtube.com/watch?v=2zfc62a_KRw