„Пред некој ден прочитав реченица во која се вели дека војната ја водат богатите, а дека умираат сиромашните“, истакна Михајловиќ.„Сигурен сум дека војната не може и не смее да биде единствениот начин за решавање на проблемот. Се сеќавам кога станав европски првак со Црвена Звезда, тоа се случи во мојата земја. Потоа и кога ја бомбардираа мојата земја, во моментот на освојување на „скудетото“ со Лацио“.Се присети и како го доживувал секој момент што не го поминал со семејството.

„Не е лесно да се изолирате и да се фокусирате на други работи. Замислете ситуација во која можеби нема да се слушнете со вашите родители со недели, не знаете дали се живи или мртви. Се сеќавам дека слушнав како авиони полетуваат во Авиано и ѝ се јавив на мајка ми и и реков…За пет минути ќе те бомбардираат, оди во подрумот. И покрај сето тоа излегов на теренот, но не беше лесно. Се надевам дека веста за војната нема да стане втора или трета вест за неколку дена, дека веќе за еден месец нема да се зборува за тоа. Луѓето не треба да се навикнуваат на војна. Сите ние треба да придонесеме за што поскоро завршување“, изјави Михајловиќ и замина со солзи во очите.