Интер е во завршни преговори за ангажман на репрезентативецот Џанлука Скамака од Сасуоло, открива „Газета дело спорт“. Тој треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ по завршувањето на оваа сезона.

„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач бидејќи Џеко е на залез на кариерата, а раководството има намера да го продаде Лаутаро Мартинез на кого му одреди цена од 90 милиони евра.

Весникот тврди дека напаѓачот веќе има договор со Интер и „нероаѕурите“ се блиску до договор со Сасуоло за трансфер од 40 милиони евра.

Скамака оваа сезона на 24 меча постигна 10 гола за тимот на Сасуоло.