Интер од Милано без проблеми стигна до четвртиот триумф по ред во Серија А, откако на домашен терен, ја совлада екипата на Лече (2-0) и ја задржа убедливата предност на врвот од табелата.

Дефанзивецот Бисек со одличен удар со глава по центаршутот на Чалханоглу го доведе составот од Милано до водство пред крајот на првото полувреме, а Барела во 78. минута по феноменална асистенција на Арнаутовиќ, која можеби е најдобра сезонава, го удвои водството и стави точка на посакуваниот триумф.

Во вториот дуел, Верона со идентични 2-0 го совлада Калјари.

 

Интер е првопласиран и има 44 бодови, четири повеќе од Јувентус и дури 11 од третопласираниот Милан.