Барди доби шанса во судиското надополнување во првиот дел, го одигра вториот дел, а еден час траеше отпорот на Леванте, пред да попушти фенерџијата и Атлетик Билбао да им даде три гола во завршната третина од мечот.
Сѐ почна со голот на Весга во 63-та, Ињаки Вилијамс ја дуплираше предноста во 76-та, а Зарага од пенал во 88-та само стави печат на триумфот. Де Фрутос во судиското надополнување на крајот постигна само почесен гол за Леванте.
По оваа победа, Атлетик Билбао дојде до 40 бода на осмото место, четири зад шестиот Реал Сосиедад, додека Леванте остана последен со 18 бода и веќе со седум зад сигурната зона.