Како што пишува „САН“, вкупно 16 играчи се пред заминување ова лето од М.Јунајтед, на листата има неколку ѕвезди, извесно е најмалку три.

Sвездите Кристијано Роналдо, Пол Погба и Маркус Рашфорд се тројцата кои со сигурност заминуваат, тврди „САН“.

Покрај овие тројца, Јунајтед ќе остане и без Кавани, Лингард, Мата… Клубот ќе има сериозен ремонт на тимот за следната сезона, во сите линии, па и во стручниот штаб.

Екипата има очајни резултати сезонава, далеку под своето реноме и ниво, а кулминира со неиграњето на Роналдо против Сити кој го порази Јунајтед во градското дерби со 4-1.