Екипата на Борусија Дортмунд имаше победнички старт на новата сезона во Германија иако Ајнтрахт Франкфурт долго ја чуваше својата мрежа негибната, милионерите триумфираа со 2-0.

Биное Гитенс беше џокерот херој за Борусија Дортмунд. Тој во игра влезе во 59. минута и ги даде двата гола.

Најпрво погоди во 72. минута за 1-0, а во судиското продолжение реализира и за конечни 2-0.