Напаѓачот Давид Тошевски имаше одлично издание во дресот на Австрија Клагенфурт затоа што со првенецот во Бундеслигата ја донесе првата победа за неговиот тим во елитата.
Австрија Клагенфурт победи на гостински терен кај Тирол со 0-1, а единствен стрелец беше македонецот Тошевски. Македонскиот центарфор доби топка во 67. минута во шеснаесетникот и успеа да ја смести во мрежата на противникот.
За Клагенфурт ова беше прва победа во новата сезона по четири одиграни кола.