Во 12. коло од Ла Лига, Реал Мадрид го победи Елче на гости со 2:1 и се врати на врвот на табелата, кој го дели со Севиља и Реал Сосиедад.
Првото име на натпреварот, во кој Реал не беше најдобар, беше одличниот Винисиус Јуниор, кој ги постигна двата гола, во 22. и 73. минута, пред поразот на домаќините да го ублажи Мила на четири минути пред крајот. Првиот гол беше постигнат по голема грешка на домашната одбрана, но вториот беше вистинско ремек дело. Модриќ идеално го проигра Бразилецот, кој одлично го префрли голманот од тежок агол за 0:2.
Марка, шпански весник кој студиозно го следи Реал Мадрид, му посвети насловна на Бразилецот со наслов „Од која планета доаѓаш?“. Винисиус Јуниор постигна девет гола и пет асистенции на 14 натпревари оваа сезона, а беше пофален и од други реномирани весници.
АС, кој ги оценува играчите од 1 до 4, му даде тројка, како и Едер Милитао за неговата одлична одбрана.
“Винисиус ја презеде одговорноста за отсуството на Бензема и повторно покажа дека е таму кога му треба на Реал. Од него се очекуваше да го реши натпреварот и тој го стори тоа. Беше ладнокрвен во двете ситуации во кои се најде и Реал победи само благодарение на него. “.