Шалке го оправда епитетот фаворит против Падерборн, и по неочекуваниот пораз од Фортуна минатата недела, Шалке го совлада Падерборн со 2-0.
Стрелец на водечкиот гол беше Мариус Билтер во 22. минута. За 28-годишниот напаѓач тоа е 8-ми гол сезонава. Конечниот резултат го постави македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во 74. минута. Чурлинов беше заменет во 78. минута од мечот.
Ова е втор гол за Чурлинов во дресот на Шалке.
По 12-та сезонска победа, тимот од Гелзенкирхен се израмни на третото место со тимовите на Дармштад и Хамбург со по 40 бодови, додека водечкиот двоец Вердер и Сент Паули имаат само бод повеќе.
Standings provided by SofaScore LiveScore