Фудбалерот на Пари Сен Жермен се обиде да ја испегла работата, да ги избрише дамките и да си ја врати сопругата откако таа дозна дека Икарди имал авантура со аргентинска актерка, но не му успеа. Таа престана да го следи на социјалните мрежи, објави дека повеќе не го носи прстенот и го напушти.
Сега Мауро одлучи да и возврати. И тоа да и нанесе финансиска штета. Според „РМЦ Спорт“, тој побарал од ПСG што поскоро да го напушти клубот од Паркот на принцовите.
Бидејќи Ванда, кој исто така е негов менаџер, му се закани со развод, овој напаѓач ќе добие помалку пари со тоа што ќе го напушти тимот на „светците“ порано, и затоа помалку пари ќе одат и за Ванда. На тој начин, тој ќе и се одмазди за разводот, што, според некои навестувања, таа веќе го иницирала.
Аргентинскиот фудбалер има договор со ПСЖ до 2024 година и заработува 12 милиони евра годишно. Во случај на раскинување по негово барање, таа сума би била далеку помала. Со тоа и Ванда би заработувала помалку.
Можно е Икарди да замине во Премиер лигата. Наводно, Њукасл е заинтересиран за него.
А што е тоа што ги збудалува мажите кај Ванда. Погледнете некои од фотографиите на Инстаграм.