Бугарија поведе после 14 минути на „балканското дерби“ со Македонија во Разград, откако Кирил Десподов после една акција ја искористи заспаноста и во противнападот, да ни даде гол за да ја крене бугарската публика на нозе.

Македонија делуваше поконкретно во воведната третина од првиот дел, ама еден противнапад и првиот посериозен напад на Бугарија заврши со гол во нашата мрежа.