Навистина импресивно, фантастично за клубот кој е вистински гигант за сите останати на овие балкански простори.
Тоа во просек доаѓа по 13,5 милиони секоја година, сума која за сите останати клубови од овие простори, а посебно за нашите, е научна фантастика.
За жал досега нема податок колку нашите клубови заработиле од УЕФА настапите во овој период, но хрватските вкупно заработиле околу 220 милиони, додека српските околу 150 милиони, што значи дека Динамо заработил повеќе отколку сите српски клубови заедно.
Инаку неофицијално буџетот на Динамо Загреб е нешто повеќе од 50 милиони евра, што за овие простори е импресивно.
Кога сме кај заработката на нашите клубови, најголема сума во една сезона од УЕФА настапите има заработено Вардар, и тоа во 2017 година кога играше во групната фаза во ЛЕ и таа сума е 4,5 мил. евра.
Во периодот од 2009 па наваму, Работнички, Шкендија и Вардар имаат заработено најмногу од своите настапи во УЕФА.