Никола Јокиќ го престигна Вилт Чембрлен и првиот центар со најмногу трипл-дабли во историјата на НБА-лига. Во победата против Оклахома (122:110) го забележа својот 79. трипл-дабл во кариерата и уште еднаш на сите им покажа зошто е двократен МВП.
Сето ова успеа да го направи иако одигра еден од најлошите мечеви досега и забележа квадрипл-дабл од 15 поени, 14 асистенции и 13 скока, но и 10 загубени топки. Пред него сега е Леброн Џејмс со 105 натпревари со двоцифрен учинок во три категории.
https://twitter.com/dodekabasket/status/1588401240735715330?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1588401240735715330%7Ctwgr%5E32f665aba1f5f2c9b159c926f0fd64cb6e40c071%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2022%2F11%2F04%2FD0BDD0B8D0BAD0BED0BBD0B0-D198D0BED0BAD0B8D19C-D0B2D0BE-D0BDD0B0D198D0BBD0BED188D0B8D0BED182-D0BCD0B5D187-D0B8D181D0BFD0B8D188D0B0-D0B8%2F
Гордон со 27 поени и Мареј со 24 поени беа најдобри кај победникот. На другата страна Шај Александар имаше 37 поени.
На втората средба Орландо му нанесе нов пораз на актуелниот првак Голден Стејт, го совлада со 130-129. Стеф Кари постигна 39 поени и 9 асистенции, кои не се покажаа како доволни за победа. Голден стејт во девет меча има три победи и шест порази.