Кошаркарите на белградски Партизан беа непријатно изненадени на домашен терен од германскиот Баерн. Иако ја имаа победата в раце, со тројка во последната секунда беа шокирани од баварците.
Српскиот кошаркарски гигант Партизан го запиша и третиот пораз по ред во Евролигата, загуби од Баерн Минхен со 78-79 во 26. коло од елитното натпреварување.
Се водеше тешка и голема битка на паркетот во „Штарк Арена“, а по првите 20 минути водеше Партизан со 45-41.
„Црно-белите“ имаа предност и од +10 (61-51), меѓутоа Баерн го засили темпото во последната четвртина и стигна до израмнување (72-72), а потоа во завршницата направи целосен пресврт и триумфираше со 79-78.
Најефикасен во победничкиот тим беше Франсиско со 20 поени, два скока и три асистенции, додека Пантер постигна 22 поени и три скокови, а Камински 12 за српскиот клуб.
Останати резултати:
Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 105-91
Басконија – Асвел 94-80
Милано – Реал Мадрид 81-76
Валенсија – Олипијакос 65-78