Екипата на Ал Наср загуби во дуелот со Ал Хилал со 0-2, а искусниот хрватски фудбалер Марсело Брозовиќ беше многу нервозен и имаше пресметка со Али Ал Булаихаџи.
Хрватот ги загуби нервите, му кажа неколку збора на провокаторот и со раката го фати за врат и го оттурна.
Меѓутоа, ако оправдувањето за тој потег може да се најде во провокаторското однесување на саудискиот фудбалер, она што следеше е надвор од секое разбирање.
Имено, Тори Пенсо реши да му додели жолт картон на Хрватот, по што Брозовиќ се нафрли на судијката од Соединетите Американски Држави и таа сцена воопшто не беше пријатна.