Македонската фудбалска репрезентативка, Наташа Андонова се запиша во листата на стрелци за Леванте, против Реал Сосиедад во четвртфиналето на Купот на Шпанија.
Клубот од Валенсија беше фаворит на овој дуел и првиот дел го доби со 1-0 со голот на Андонова што го постигна во 7 минута.
Работите се променија по паузата, па Франси погоди во 57 минута и донесе 1-1, додека Ванегас во 70 даде гол за комплетен пресврт. Леванте не успеа да се врати од овој шок, и доживеа елиминација од ова натпреварување.
Покрај Реал Сосиедад пласман во наредната фаза обезбедија Барселона и Атлетик Билбао.
https://twitter.com/i/status/1755655430829658136