Фудбалерите на Лондонски Фулам беа подобри од Лидс со 2-1 во дуелот од 31. коло во Премиерлигата.

Фулам постигна гол за водство преку Вилсон во 58. минута од натпреварот, по што предноста ја зголеми Переира со гол во 72. минута.

Седум минути подоцна Лидс намали на 1-2, кога Палхина си постигна автогол, по што Фулам издржа до крај и ги освои трите бода.

Фулам има 45 бода на деветтата позиција, додека Лидс е на 16. место со 29 бодови па го чека тешка битка за опстанок.