Аргентина допатува во Катар како втор фаворит за освојување на Светското првенство, но тргна со шокантен пораз од Саудиска Арабија и свесна е дека само победи над Мексико и Полска ја води во осминафиналето.Креаторот на една од најголемите сензации во историјата на Мундијалите е селекторот на „зелените соколи“, Французинот Ерве Ренар, кој целосно го надмудри колегата Лионел Скалони. Стручњакот кој беше шампион на Африка со Замбија и Брегот на СлоноватаКоска ја помести последната линија речиси до центарот, а со пресинг драстично го намали просторот за играта на ривалот со кратки додавања. Мексико го предводи Аргентинецот Херардо Тата Мартино, а тој добро ги знае сите квалитети и мани на своите сонародници и има огромно искуство.
Дефанзивната линија на Аргентина при двата гола на противникот покажа недоразбирање, а Месико има неколку брзи и исклучително квалитетни фудбалери како Ирвинг Лозано и Раул Хименез кои се способни да го совладаат Емилијано Мартинез.