Тотенхем го совлада Вест Хем со 3:1 и се проби на 5-та позиција во Премиер – лигата со 51 бод, три помалку од четвртопласираниот Арсенал, кој е на место кое води во Лигата на шампионите.
Тимот на Антонио Конте поведе со автоголот на Курт Зума во деветтата минута, а Хјонг-Мин Сон зголеми на 2-0.
Бенрама намали до крајот на првиот дел, но Сон со својот втор гол во 88. минута ги разреши дилемите.