Манчестер Јунајтер започна преговори со агентите на Пол Дибала, пишува Gazzetta dello Sport, нагласувајќи дека Интер се уште е во најдобра позиција да го доведе 28-годишниот Аргентинец кому му истекува договорот со Јувентус. Се очекува по седум години да го напушти торинскиот клуб во кој пристигна од Палермо.
Според италијанските медиуми, Интер му нуди годишна плата од шест милиони евра. Од друга страна, идниот тренер на клубот од Манчестер, Ерик тен Хаг, го означи Дибала како една од главните желби откако ќе го преземе тимот следната сезона. Италијанските медиуми минатата недела пишуваа дека Јунајтед не е заинтересиран да го доведе Дибала.
Сепак, ситуацијата се промени кога беше потврдено дека холандскиот стратег ќе го преземе англискиот премиерлигаш.