Екипата на Вест Хем загуби дома со 1-2 од германски Ајнтрахт Франкфурт во првиот меч од полуфиналето во Лига Европа.
Германскиот тим имаше многу среќа во завршницата. Се играше продолжениоето кога Џарод Бовен се обиде да израмни, но неговиот шут со „ножички“ заврши во пречката од гостинскиот гол.
Сите на теренот, како и на трибините, се фатија за глава, знаејќи каква шанса е пропуштена да се избегне пораз на оваа средба.