Тотенхем брзо се опорави од поразот на домашен терен од Астон Вила (0-2) и триумфираше убедливо на гости против Кристал Палас со 0-4. Критиките на Конте кон фудбалерите очигледно влијаеја позитивно, па овојпат одиграа според негов вкус, освојувајќи три големи бода.
Кога Хари Кејн е на ниво, тогаш е многу полесно за Тотенхем. Капитенот ги постигна првите два гола, во 48. и во 53.минута, а потоа се надоврзаа и Доерти и Хјонг-Мин Сон.
Астон Вила и Вулверхемптон ремизираа 1-1, а Нотингем Форест славеше важна победа (0-1) против Саутемптон во борбата за опстанок.