Европскиот шампион Реал по дебаклот од Барселона, доживеа ново големо разочарување, Милан со 3-1 ги победи кралевите на Сантијаго Бернабеу во пресметката од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид живее тешки денови, тимот на Карло Анчелоти се наоѓа во криза. Се веруваше дека поразот од Барселона ќе им даде мотив повеќе да го совладаат Милан и да се вратат на победничките патеки, но денешниот натпревар покажа дека кралот е разнишан.

Милан поведе уште во 12. минута кога по асистенција од Пулишиќ од корнер, Чау даде гол со глава за водство на росонерите од 1-0. Десетина минути подоцна Винисиус од пенал изедначи на 1-1.

 

 

Во 39. минута Леао шутираше, Лунин ја одби топката, на неа натрча Мората кој ја смести во мрежата на Реал Мадрид за водство на Милан од 2-1.

 

И во вториот дел Милан беше подобар противник. Јалови беа нападите на Реал Мадрид. Во 73. минута Реијндерс постигна гол по асистенција на Леао за 3-1.

 

Ридигер во 82. минута даде гол по една грешка на Мењан, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

Спортинг Лисабон со 4-1 го совлада Манчестер Сити, граѓаните поведоа со голот на Фоден со 1-0, Гјокерес постигна хет-трик, а еднаш погоди Араухо за португалскиот тим.