Екипата на Пеп Гвардиола доживеа тежок дебакл во Лисабон, Спортинг победи со неверојатни 4-1.
Фоден уште во четвртата минута донесе водство за Манчестер Сити и ништо не најавуваше каков дебакл ќе доживее англискиот првак.
Во 38. минута Гјокереш даде гол за израмнување на 1-1. Второто полувреме португалците го започнаа фуриозно. По само неколку секунди Араухо донесе водство на португалскиот тим од 2-1.
Веќе во 49. минута беше 3-1, Гјокереш го постигна својот втор гол на мечот, овојпат од пенал.
Во 69. минута и Манчестер Сити имаше шанса од пенал да се врати во игра, но Халанд не реализираше, ја погоди пречката.
Конечните 4-1 ги постави Гјокереш во 81. минута за комплетирање на неговиот хет-трик, и овој гол беше од пенал.
Рубен Аморим денеска се поздрави со фановите на Спортинг Лисабон, ќе го води тимот и во дербито против Брага, но тој меч се игра на гостински терен. Потоа се сели во Манчестер јунајтед.