Екипата на Ал Наср со убедливи 5-1 го победи Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати во меч од ЛШ во Азија, а еден од головите беше дело на Кристијано Роналдо.

Роналдо погоди во 31. минута кога начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на противникот.

Погодокот за 2:0  тој може да го видите ТУКА.  

Освен Роналдо, мрежата на гостите ја погодија и Талиска (два пати) и еднаш Весли, а еден гол за Ал Наср всушност беше автогол на Кардосо. Автогол си даде и Ал Наср и тоа кога Бенто ја затресе сопствената мрежа.

Роналдо играше до 79 минута, а потоа беше повлечен од игра. Феноменална е низата на Португалецот кој никако не се предава иако за неколку месеци ќе полни 40 години. Интересен е податокот дека откако Роналдо наполни 39 години во февруари, одигра 41 натпревар, а билансот му е 35 погодоци и шест асистенции, што значи дека во просек на секој меч директно учествува во постигнување на погодок.